09
07
2010

Зошто не треба да користиме Facebook?

Internet Addict

Има многу причини зошто Facebook не е добар по вашето здравје, но тие обично не се сваќаат така сериозно. Јас би сакал да ви ги раскажам посериозните оти тие може да ве натераат барем да размислите. Не заборавајте дека дојде време кога треба да читаме пред да заокружиме „I agree“!

Колективни добра

Кога сме член на некоја социјална мрежа тоа подразбира споделување на некакви добра со колективот. Тоа споделување може да биде некаков објавен текст, коментар, слика, видео и така натаму, со еден збор сè. Колку од вас мислат дека тоа што го објавувате таму е 100% ваша сопственост? Дорбо можеби и сите знаете дека не е, ако е така тогаш зошто мислите дека А1 и банда си сурфаат по вашите профили на фејсбук и само еден клик ве дели од вашиот профил да стане главна вест во дневникот вечерта. Па затоа што А1 може да се договори со Mark Zuckerberg и да објавува што сака од таму притоа без да бара дозвола од вас. Не заборавајте дека докторката што се сликаше со пријателката остана без работа и се занимава со судот и полицијата. Е сега, ако веќе сте решиле да се исклучите од Facebook, тоа што сте го оставиле таму или што можеби сега сакате да го тргнете од таму, неможе да се избрише целосно. Иако сте го избришале членството вие само мислите дека сте го избришале. Копијата ќе остане на серверите на Facebook и сеуште тие го имаат правото на тоа што го начекале од вас. Тоа замислете си го вака: имам некои слики, тефтери, што ќе си ги чувам во фиока со клуч, ама фиоката има два клуча, едниот е мој, а другиот на некој си тип од Америка. Има уште еден момент зошто го оправдуваат „тоа“ сопствениците на оваа социјална мрежа, демек ако јас објавам нешто на ѕидот кај пријателот или му пратам порака, тогаш пријателот има право да ја избрише пораката, а не јас. И затоа ако јас си го избришам членството, моите податоци имаат копија кај Facebook ама и кај мојот пријател, што значи сепак сум оставил работи недочистени и на отворено.

Заштита на сопственото јас

Важно е да се почитуваат неколку значајни себеуредувачки политики и полесно ќе си ја сочувате главата на раменици.

Kluc za sekoj

Читај услови

Секогаш читајте ги условите за употреба, согласноста или ако не ви се чита свртете го документот барем на кратко. Ако знате кои се условите за користење може нема да сакате да користите продукти под такви услови.
Ако си купите пиво чии условите за користење ви налагаат да го пиете со цефка, ќе го купите?

Време

Ако веќе не сакате да се запознавате со легалните термини и бирократија, тогаш ставете временска рамка на чекање пред да почнете да користите нешто. Прочитајте информација, слушнете други коментари и комуницирајте со тие што имаат искуство.
Најважно е да се заштитите/информирате пред да почнете да правите било што на интернет.

Facebook не е My Documents

Интернетот не е домашен компјутер! Ако мислите дека фејсбук е „мајдокументс со чат“ вие сте во тешка заблуда! Исто важи и за gmail и сите тие „продавници“. Внимателно со пристапот на интернет и тоа што го ставате таму. Секогаш кога објавувате нешто, било каде, треба да знаете дека тоа го споделувате со сите. Кога ажурирате слика, видео или документ на секој сервис е истата приказна.

Пази, се снима

Golemio brat

Тоа што го пишувате секогаш прочитајте го минимум двапати и пробајте да не навредувате некој дотичен оти од вчера „се снима“. Сега кога МВР (владата) има пристап до сите ваши информации што ги зрачите на интернет/телефонот без притоа да одговара пред некој, не четири, 24 очи/уши треба да отворите.
„Абре гааз стопанкин, што е оваа работа? Како и да се свртиш газо ти е позади!?“

Лични податоци никако

Сите приватни податоци како целосно име презиме, матичен број, адреса, телефон, никогаш не ги давајте доброволно. Пред да ставите име и презиме размислете дали треба да го ставите таму и што добивате ако го ставате. Ако веќе имам фејсбук профил тогаш нека е под псевдоним без податоците за мене и за мојата фамилија.

Запознавање

Секој сервис, алатка, апликација што ќе стигне до вашите раце запознајте ја. Разгледајте ги можностите, проблемите, вредностите на таа апликација. Што добивам ако ја користам? За што ќе го користам? Дали има потреба од толкаво губење време на тој сервис? Користете софтвер што не е склон на вируси, шпунирање и ограничувања. Не заборавајте дека Google Chrome снима се што правите на интернет и праќа на Google.
Сопствено изстражување за сè што сакате да го користите на интернет или на телефонот!

Тоа што се случува сега со Facebook е тотално распуштено и без контекст. Повеќето од луѓето се толку задоени со него што хероинот премина во полесна дрога. Ако до вчера се пишуваа „Како да се откажете од пушење, сега има: „Неколку начини за да се откажам од фејсбук (бог да чува и да брани)“. Јас немам фејсбук и сега за сега сум на Twitter, но во оној момент кога ќе видам дека твитер делува спротивно на мене и мојата безбедност ќе прекинам да го користам. Ги охрабрувам сите што користат социјални мрежа да размислат пред да користат социјална/друштвена мрежа, дали ќе ги користат како компанија, бренд или личност и што ќе добијат со тоа (што губат).

Неколку информации што треба се се знаат:

Share:
  • Print
  • Digg
  • del.icio.us
  • Facebook
  • Mixx
  • Google Bookmarks
  • Add to favorites
  • PDF
  • RSS
  • Technorati
  • Twitter

Leave a Comment